Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со Божја помош ќе и помогнеме на црквата (видео)

Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со Божја помош ќе и помогнеме на црквата (видео)

Софија, 17 јули 2018 (МИА) - Бугарскиот патријарх Неофит се надева дека со Божја помош ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кој тој го означи како „нешто во кое вреди да се вложи“.

- Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со со нив ќе бидеме радосни и среќни. За многу години, изјави бугарскиот патријарх за БГНЕС одговарајќи на прашање како ќе и помогне на Вселенската патријаршија при решавање на прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА. 

Неофит учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, што се одржа во истоимениот храм во Софија. ац/са/10:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ