• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Предадена во употреба нова џамија во Дебреше

Предадена во употреба нова џамија во Дебреше

Гостивар, 3 август 2018 (МИА) - На пригодна свеченост, со верски обреди, денеска во атарот на гостиварското село Дебреше беше пуштена во употреба нова џамија.

Новиот верски објект во месноста „Тафовиот бунар“ со сечење лента го отворија поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија Сулејман Реџепи, гостиварскиот муфитија Шаќир Фетаху, министерот за култура Асаф Адеми, како и претставници од општините Гостивар и Врапчиште. Петочната молитва за верниците ја служеше скопскиот муфтија Ќенан Исмаили.

Муфтијата Фетаху во обраќањето нагласи дека во Дебреше сега има четири џамии и се создадени услови за богослужење и верска настава.

Џамијата почна да се гради во 2013 година со доброволни прилози на верниците. Во Дебреше бројот на џамии на територијата со која управува гостиварската муфтинија сега достигна 71. згм/мч/19:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ