• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Се реконструира црквата „Свети Димитрија” во Кавадарци

Се реконструира црквата „Свети Димитрија” во Кавадарци

Кавадарци, 7 август 2018 (МИА) - Мајстори  и уметници интензивно работат на реконструкцијата и на фрескоживописот на храмот посветен на великомаченик Свети Димитриј во Кавадарци. 

Надворешните ѕидови на храмот целосно се ѕидаат со камен, а во внатрешноста веќе се завршени повеќе композиции од фрескоживописот.

- Сите се радуваме како напредува реконструкцијата на црквата, со помош на нашиот заштитник Свети Димитриј. Мајсторите самите се вживуваат во изградбата на овој прекрасен храм. Уметниците интензивно сликаат. Се надеваме до година изградбата да биде завршена и да ја осветиме, рече старешината на црквата, отец Мартин Деневски.

Сите кои сакаат, можат да се вклучат во реновирањето на храмот со свои донации.

И покрај реновирањето, верниците можат да ја посетат црквата секој ден и за празници. свд/вг/09:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...