Порака од поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по повод Курбан Бајрам

Порака од поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи по повод Курбан Бајрам

Скопје, 20 август 2018 (МИА) - Реис ул улема на Исламската верска заедница во РМ Сулејман Реџепи по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам денеска упати порака до верниците да го минат со подадената рака, прегратката, меѓусебните посети и помирувањето.

- Драги верници, сестри и браќа, задоволство ми е да соопштам јавно дека утре го славиме празникот Курбан Бајрам.Овој празник, без сомнение е свет празник, бидејќи ја одбележува нашата верност и искреност кон Семилосниот Алах, Кој што токму воочи овој празник ја усоврши нашата вера комплетирајќи го Величествениот Куран. Курбан Бајрам, драги верници, е празник во кој што силно се пренесува пораката за Благородноста и Милоста на нашиот Творец кои што тој ги чувствува кон сите свои створенија, вели поглаварот на ИВЗ.

Честитките, додава тој, во текот на овој празник секако треба да ги одликува подадената рака, прегратката, меѓусебните посети и помирувањето.

- Канејќи ве да се молиме за здравјето на нашите браќа и сестри што се наоѓаат во светата земја извршувајќи го хаџилакот, дозволете да ви ги изразам најискрените честитки по повод Курбан Бајрам. Браќа и сестри, нека ви е среќен Курбан Бајрам, ви посакувам да си поминете среќни мигови во текот на овој празник. Со посебни желби им го честитам празникот на нашите браќа Албанци во Диаспората, како и на сите муслимани низ светот, стои во честитката од поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.вг/са/13:24

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ