• A-
  • A
  • A+
четврток, 19 април 2018, 

НУБ „Св. Климент Охридски“ го одбележа патронатот

НУБ „Св. Климент Охридски“ го одбележа патронатот

Скопје, 7 декември 2017 (МИА) - Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ денеска го одбележа патронатот со повеќе активности. На настанот беа доделени традиционалните награди за вработените во библиотеката, делегации од Владата  положија цвеќе пред споменикот на св. Климент во дворот на НУБ, а пригодно се обратија и министерот за култура Роберт Алаѓозовски и в.д. директорката на НУБ Сенка Наумовска. 

Министерот истакна дека богатата библиотекарска традиција на нашите простори, чии корени досегаат до делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, е темелот  врз кој НУБ се гради и ја развива својата дејност. 

- Од библиотечниот фонд кој во 1944 година изнесувал околу 150.000 библиотечни единици, НУБ постојано се развиваше и ги надградуваше своите капацитети. Библиотеката денес е водечки извор на материјали во истражувачката дејност, депозитна библиотка и една од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на земјава, со фонд на изданија што содржи над три милиони единици, рече Алаѓозовски, додавајќи дека НУБ е столбот на македонскиот идентитет и е продолжување на мисијата на свети Климент. 

НУБ 2

Покрај денот на св. Климент кој е патрон на НУБ и 73 години од нејзиното основање, библиотеката денеска одбележа и 50 години од поставувањето на камен-темелникот на објектот во кој е сместена односно 45 години од вселувањето. 

- Сега сме веќе во фаза кога треба да се реконструира, но тогаш самото поставување и влегување во овој објект значело и нови темели на современото библиотекарство во Македонија, изјави в.д. директорката Сенка Наумовска. Според неа, просторните услови веќе не се задоволувачки, а доградениот (стаклен) дел кој беше отворен пред неколку години, рече, не се во состојба да го користат максимално зашто не е решен проблемот со греењето.

НУБ работи на дигитализација на значајни збирки од нејзините фондови и кон тоа, рече Наумовска, ќе биде фокусирана во наредните години затоа што дигитализацијата е иднината на библиотекарството. Се дигитализираат ретки книги и стари ракописи, филмотечниот материјал, збирката ориентални ракописи... 

Патронатот на НУБ беше одбележан и со омаж за 110 години од раѓањето на еден од нејзините најдолгогодишни директори, Митко Зафировски, кој ја раководел институцијата од 1951 до 1973 година. Сеќевања за него раскажа Светлана Марковиќ, поранешен библиотекар во универзитетската библиотека. Беше отворена и изложба „Ликот на св.Климент низ современата уметничка призма“. хс/са/13:49

###

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Претседателот на Уганда сака да го забрани оралниот секс

Претседателот на Уганда, Јовери Мусевени изјави де...

Ресторан кој и оние без пари не ги остава гладни

Доколку сте гладни, а немате пари, тука секогаш мо...

Прва кино проекција во Саудиска Арабија по 35 години

Во Саудиска Арабија, првпат по 35 години, граѓанит...

Пронајдена подморницата со која, наводно, Хитлер побегнал во Јужна Америка (видео)

Германската подморница со која, според теоретичари...

Идрис Елба во нова комедија на Нетфликс

Нетфликс го ангажираше комичарот Идрис Елба за сво...