• A-
  • A
  • A+
сабота, 21 април 2018, 

Телефонскиот разговор Заев - Ципрас една од централните теми во грчките медиуми

Телефонскиот разговор Заев - Ципрас една од централните теми во грчките медиуми

Атина, 3 јануари 2018 (МИА) - „Контакти на високо ниво за скопското прашање“; „Разговор на премиерот на Скопје со Ципрас и Коѕијас“; „Заев: има волја за решение“; „Оптимизам за решение на името“ – се дел од насловите во грчките медиуми, кои ги пренесуваат изјавите на македонскиот премиер од вчерашната прес - конференција.

За разлика од претходно, кога ретко кога имаше простор во вестите за проблемот со името, како што јавува дописникот на МИА од Атина, сега, последните случувања во македонско – грчките односи се дел од изданијата на централните вести на сите грчки телевизии. Новинарите во нивните прилози детално ги пренесуваат ставовите и од официјално Скопје и од официјална Атина, а акцентот го ставија на телефонскиот разговор на Зоран Заев со Алексис Ципрас и Никос Коѕијас за време на приватна посета на македонскиот премиер на Солун.

- Оптимизам за решение на прашањето за името изразија премиерите на Грција и Скопје, само неколку дена по нивниот телефонски разговор, објави телевизијата Антена, пренесувајќи ги и ставовите на македонскиот премиер. 

ЗАЕВ И ЦИПРАС ВЕСНИЦИ 2

- Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, го изрази неговиот оптимизам дека во текот на 2018 ќе се најде решение во прашањето за името и додаде дека со решавањето на овој проблем, земјата ќе успее да се интегрира во НАТО и да започне преговори за интеграција со ЕУ, објави грчката телевизија Алфа, пренесува МИА.

Откако македонскиот премиер, вчера, на прес - конференција откри дека додека бил во Солун, телефонски разговарал со Ципрас и Коѕијас, од кабинетот на грчкиот премиер, синоќа, испратија официјално соопштение до новинарите.

ЗАЕВ И ЦИПРАС ВЕСНИЦИ 3

- Премиерот Алексис Ципрас, вчера, имаше телефонски разговор со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, по повод неговата посета на Солун, за да му ја честита Новата година, стои во соопштението од кабинетот на Ципрас. ср/вг/13:56

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Лукаку ќе го претставува агенцијата на Џеј Зи

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку од...

Шведскиот ди-џеј Авичи пронајден мртов во Оман

Шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат по неговот...

Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие трик

Познатиот илузионист Дејвид Коперфилд мораше да от...

Откриен идентитетот на „вриштечката мумија“ од Египет

Научниците со помош на современа технологија и мет...

Кејт Аптон во нова кампања за костими за капење

Кејт Аптон е ангажирана во новата рекламна кампања...