• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

РК Вардар: СЕХА потврди дека ракометот е спорт број 1 во Македонија

РК Вардар: СЕХА потврди дека ракометот е спорт број 1 во Македонија

Скопје, 8 март 2018 (МИА) - Раководството на ракометната регионална СЕХА лига одлучи РК Вардар да биде ко-организатор на завршниот турнир што треба да се одржи во периодот од 13 до 15 април во салата во СЦ „Јане Сандански".

- Голема чест е што Скопје по вторпат ќе биде домаќин на завршниот турнир. Тоа е уште една потврда дека ракометот е спортот број 1 во Македонија, а Вардар е тим што е препознатлив не само на овие простори туку и во европски и светски рамки. Трите освоени титули во СЕХА Газпром лигата на Вардар е обврска плус бидејќи сега ќе играме пред домашна публика, велат од таборот на македонскиот шампион.

Дополнително ќе бидат одредени полуфиналните двојки. Познато е дека Вардар влегува како првопласиран и ќе го чека четвртопласираниот тим.

Другите три екипи што ќе играат на Ф4 турнирот се ППД Загреб, Мешков и Целје. зс/14:17

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...