• A-
  • A
  • A+
вторник, 19 јуни 2018, 

БДП со раст од 1,2 отсто во последниoт квартал лани

БДП со раст од 1,2 отсто во последниoт квартал лани

Скопје, 8 март 2018 (МИА) - Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2017 година забележал раст од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15,6 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство од четири отсто и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1,1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2017 година, номинално расте за 4,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 64,8 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,9 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 11 отсто.

Во третиот квартал од минатата година БДП забележа раст од 0,2 проценти, а во вториот квартал стапката на раст на БДП беше минус 1,3 проценти, а во првиот нула.скс/са/14:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Еј-би-си работи на спин-оф продолжение на ТВ серијата „Розен“, но без Розен Бар

Продукциската куќа Еј-би-си е во преговори за спин...

Хедер Локлир се обидела да се самоубие

Ѕвездата од американските ТВ серии „Династија" и „...

Снимено раѓање на делфинче во базен на отворено во Одеса (видео)

Посетителите на Делфинаруимот во градот Одеса, Укр...

Ем-ти-ви филмски и ТВ награди 2018

„Црниот пантер“ ја освои главната награда на додел...