• A-
  • A
  • A+
недела, 19 август 2018, 

Саздов: Нема причина зошто Саемот на книга не би успеал и на нова локација

Саздов: Нема причина зошто Саемот на книга не би успеал и на нова локација

Скопје, 13 март 2018 (МИА) - Триесеттиот Саем на книгата годинава првпат ќе се одржи на нова локација - во салата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ поради затворањето на Скопскиот саем. Претседателот на  Македонската асоцијација на издавачи-МАИ Бојан Саздов за МИА изјави дека очекува и во новиот простор да се задржи духот на манифестацијата која секоја година има голема посетеност. 

Кога ќе се одржи 30. Саем на книгата, одреден ли е терминот?

- По голема неизвесност, го утврдивме терминот во координација со организаторот, Министерството за култура и останатите здруженија. На наше задоволство, 30. Саем на книгата ќе се одржи од 3-ти до 9 мај во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Сметате ли дека салата во СЦ „Борис Трајковски“ е соодветна и единствена замена за досегашната локација на Саемот на книга?

- Оваа сала дефинитивно е единствен простор во градот што ги задоволува повеќето критериуми потребни за успешен саем, а тоа се големината – салата ќе ги собере сите досегашни изложувачи без значајни отстапувања, пристапноста и комуникативноста, просторот за паркинг итн.

Дали искуството ќе биде како минатите години не можеме да знаеме, единствено сме сигурни дека издавачите од своја страна ќе направат сè за да се задржи духот на манифестацијата, која е од високо значење и за издаваштвото и за културата во градот и државата.

Саем на книга.jpgИма ли интерес од издавачите да учествуваат со штандови во новиот простор. Дали и од финансиски аспект има промена во годинашната организација?

- Благодарение на поддршката и заинтересираноста на Министерството за култура за продолжување на Саемот, организаторот ќе биде во можност да ги задржи веќе познатите услови за учество, што е особено важно за издавачите.

МАИ ја поздрави оваа заложба и сите издавачи-членови ќе бидат дел од Саемот на книга. Очекуваме полна саемска хала, и со изложувачи и со посетители.

Очекувате ли дека и во СЦ „Борис Трајковски“ Саемот на книга ќе остане една од најпосетените саемски манифестации кај нас?

- Веруваме дека книгите се тие што ги привлекуваат посетителите, исто како и промотивните настани, средбите со автори, акциите, попустите и останатите саемски активности. Нема причина зошто Саемот на книга не би успеал и на нова локација, особено кога просторот ги исполнува критериумите за манифестација од овој вид.

 Книга

Се надеваме дека и читателите ќе ја препознаат важноста од продолжување на Саемот на книга и ќе не поддржат со своето присуство.

Договарате ли учество на странски издавачи?

- Поради целата неизвесност околу годинешниот Саем на книга, МАИ годинава не упати покана до странските здруженија со кои соработува, но во следниот период ќе бидеме активно вклучени во сите содржински и промотивни активности кои ќе значат успешен саем. хс/са/14:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Хилари Клинтон и Спилберг во заеднички проект

Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат ...

Повеќе десетина илјади посетители на настапот на Брена во Струмица

Со настапот на Црвена Јабука, Дубиоза колектив, Са...

Тесла може да пушти електромобил за 25.000 долари по три години

Најдостапниот електромобил на Тесла во моментов чи...

Германски ресторан забрани доаѓање на деца во вечерните часови

Еден ресторан на германскиот остров Риген, забрани...

Германија: Немаме план за доаѓање на вонземјани

Германската Влада соопшти дека не направила никако...