• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Агенцијата за филм потпиша договори за регионална и европска соработка

Агенцијата за филм потпиша договори за регионална и европска соработка

Скопје, 16 мај 2018 (МИА) - Директорот на Агенцијата за филм на Македонија Горјан Тозија и директорката на Бугарскиот филмски центар Жана Караиванова денеска во Кан го усогласија и го потпишаа текстот што ќе биде основа за да се потпише и да стапи во сила Договорот за копродукција на аудиовизуелни дела и меѓусебна соработка меѓу двете земји на полето на филмската уметност.

На потпишувањето присуствуваа филмски продуценти и режисери од двете земји, кои, како што наведува Агенцијата, долго време ја очекуваа оваа спогодба за да можат да ја олеснат и да ја продлабочат соработката.

Пред три дена, на 13 мај, во рамки на Канскиот филмски фестивал, Агенцијата за филм потпиша договор за соработка и со филмската институција од Косово со Арбен Зарку, а почна и разговори за потпишување на договорот со Мишел Плазанет од  Centre national du cinema (CNC).

Остварени се и контакти со „Телефилм Канада“ со кои исто така ќе се верификува соработката меѓу двете кинематографи. мч/мд/18:18

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...