• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Трамп воодушевен од Самитот на НАТО, добил тоа што го побарал

Трамп воодушевен од Самитот на НАТО, добил тоа што го побарал

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) - И покрај најавите дека Самитот на НАТО може да биде фијаско поради силните тензии помеѓу земјите членки, американскиот претседател Доналд Трамп, порача дека состанокот бил „прекрасен“ и дека тој го добил тоа што го бараше - повисоки финансиски приливи за буџетот на Алијансата.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Трамп нагласи дека „се направени заложби“ и дека сега ќе се оди на издвојување од над два отсто од БДП за потребите на одбраната.

Доналд Трамп НАТО прес ДПА

- Имаме огромен напредок. Повеќе држави се согласија на 33 милијарди долари. Заложбата на САД за НАТО останува многу голема. Прекрасно беше да се види степенот на добра атмосфера, неверојатно е добро ќе се согласиме и за Русија, изјави Трамп на прес-конференција во Брисел.

САД одамна го критикуваат фактот што останатите сојузници не го споделуваат на фер начин товар на буџетот на НАТО, со издвојување на помалку од два отсто од БДП за потребите на одбрана, колку што беше претходно договорено.

Трамп тврди дека повеќето земји членки се согласиле што побрзо да ја  остварат поставената цел за издвојување на средства во висина од два отсто од сопственот БДП за одбраната.

Доналд Трамп НАТО прес ДПА

На прес-онференцијата американскиот претседател повеќе пати ја повтори својата „воодушевеност од дискусиите со сојузниците и добрата атмосфера“, како и од „резултатите од Самитот“.

- НАТО е сега посилен, НАТО не го правеше тоа пто требаше, носевме преголем дел од товарот, порача Трамп.

Тој додаде и дека имал добар однос со германската канцеларка, Ангела Меркел и дека верува во иднината на НАТО.

Доналд Трамп НАТО прес ЕПА

- Имам огромна почит за Германија, татко ми беше од Германија, двајцата родители ми беа од ЕУ. ЕУ сега на 25 јули ќе дојде да преговара со мене, чесно. Ако не е чесно, ќе направиме нешто со милионите возила кои влегуваат во САД и се речиси целосно неоданочени. Јас само сакам фер однос за САД. НАТО е многу важен, но повеќе и помага на Европа отколку нам, додаде американскиот претседател.

Трамп истакна дека се надева на подобрување на односите со Русија, но не сакаше да каже дали, како што претходно напиша на Твитер, дека би можел да го признае Крим. Неговиот единствен одговор беше дека за тоа е виновен беговиот претходник Барак Обама. тм/сп/13:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.