• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

На денешен ден

На денешен ден

25 мај 2018 (МИА)

1803.- Роден е американскиот писател и филозоф Ралф Валдо Емерсон. Дела: „Природа“, „Друштво и осаменост“, „Поеми“.

1810.- Во Рио де ла Плата (сегашна Аргентина) започнал бунт против шпанскиот колонијален режим и власта ја презела привремена влада. Овој ден се прославува како Ден на независноста на Аргентина, иако таа формално е прогласена во јули 1816 година.

1889.- Роден е рускиот конструктор на авиони и хеликоптери Игор Иванович Сикорски, еден од најзначајните пионери во авијацијата. Тој во 1908 година конструирал хеликоптер, а во 1913 прв направил авион со повеќе мотори.

1892.- Роден е доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито. Со Југославија управуваше 35 години.

1902.- Во селото Мелница, Мариовско, е роден Стале Попов, македонски писател. Во 1953 година го објавил романот „Крпен живот“, а потоа и романите „Толе Паша“, „Калеш Анѓа“ и „Дилбер Стана“. Познати се и неговите повести „Опасна печалба“ и „Мариовски панаѓур“. Умрел во Скопје, на 10 март 1965 година.

1945.- Грчка воена единица стационирана во селото Смрдеш, Костурско, немилосрдно претепала повеќе мажи и жени од истото село и му забранила на населението да зборува на македонски јазик.

1948.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар бил одржан Основачкиот конгрес на борците од Народноослободителната војна на Македонија.

1963.- Во Адис Абеба завршил Самитот на африканските држави, на кој учесниците потпишале Договор за создавање Организација на африканско единство.

1979.- Се случила најтешката несреќа во историјата на американското воздухопловство. Веднаш при летнувањето од чикашкиот аеродром се урнал авионот „ДЦ-10“ на „Американ ерлајн“, при што загинале 272 патника и членови на екипажот.

1997.- Кинотеката на Македонија била примена за рамноправен член на Меѓународната асоцијација на филмските архиви.

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...