• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

На денешен ден

На денешен ден

20 јуни 2018 (МИА)

1597.- Умрел холандскиот поларен истражувач Вилхелм Баренц, заробен на брод окован во мраз, додека се обидувал да пронајде североисточен поморски премин од Европа во Америка. Претходно во 1584 и во 1594 година, ја предводел експедицијата со истата цел. Ги открил Шпицбершките Острови, западниот брег Нова Земја и морето наречено во негова чест Баренцево Море. Неговиот дневник бил пронајден во 1871 година.

1819.- Во Келн е роден Жак Офенбах, француски композитор по потекло Германец. Се смета за творец на новиот вид сценска музика - операта. Напишал 100 сценско-музички дела, меѓу кои најпознати се „Убавата Елена“, „Орфеј на пеколот“, операта „Хофмановите приказни“ и други. Умрел во Париз, на 5 октомври 1880 година.

1836.- Умрел францускиот револуционер и свештеник Емануел Жозеф Сиес, наречен „патријарх на револуцијата“, еден од водачите на Француската револуција и основач на Јакобинскиот клуб, кој во 1799 година одиграл клучна улога во државниот удар со кој власта ја приграбил Наполеон Бонапарта. Во политиката бил превртлив и заземал истакнати позиции во сите фази на револуцијата, освен во периодот на јакобинската диктатура. Во брошурата „Што е третиот сталеж?“ ги изложил своите политички ставови.

1837.- Умрел британскиот крал Вилијам Четврти кој владеел од 1830 па се до неговата смрт. Неговите поданици му го дале прекарот „Лудиот Били“, а го викале уште и „Кралот морнар“ поради тоа што од 1778 до 1790 година служеше во морнарица.

1861.- Роден е англискиот биохемичар Фредерик Гауленд Хопкинс, еден од основачите на науката за витамини, кој со холандскиот лекар Кристијан Ајкман, во 1929 година ја поделил Нобеловата награда за медицина. Го изучувал значењето на витамините во исхраната и заклучил дека тие се неопходни за нормален раст и развој на организмот.

1905.- Родена е американската писателка Лилијан Хелман. Дела: „Детски час“, „Мали лисици“, „Денови кои ќе дојдат“, Стража на Рајна“, „Другиот дел на шумата“, „Играчка на таван“, мемоарските книги „Недовршена жена“, „Пентименти“.

1909.- Роден е американскиот филмски актер од австралиско потекло Ерол Флин. Филмови: „Крвавиот капетан“, „Авантурите на Робин Худ“, „Гусар“, „Џентлменот Џим“, „Вирџинија Сити“, „Корени на пеколот“.

1912.- Во Кавадарци, од предавник и врховистички платеник, на подмолен начин бил убиен Добри Даскалов, македонски револуционер и војвода, еден од најмаркантните револуционерни личности во Кавадарци. Роден бил во Кавадарци, на 13 ноември 1882 година.

1922.- Во селото Галичник е  роден Александар Сариевски, македонски пејач на македонска народна музика и композитор на новосоздадени фолклорни песни.  Во 1946 г. во Македонското радио ја снимил првата песната „А бре невесто око калешо“. Бил еден од основачите на ансамблот „Танец“. Бил и успешен композитор и текстописец на познатата песна „Зајди, зајди јасно сонце“. Неговиот музички опус претставува дел од македонското културно богатство. Најмногу ќе остане запаметен по интерпретацијата на следниве песни: „Зајди, зајди јасно сонце“ (автор), „Учи ме мајко, карај ме“, „Јовано, Јованке“, „Море сокол пие“, „Дејгиди луди млади години“, „Абер дојде Донке“, „Зајко кукурајко“, „Кандисал Ајрудин паша“ и многу други. Сариевски починал на 19 декември 2002 година.

1932.- Во селото Расиха, во реонот на Троцки, е роден Роберт Рождественски, руски писател, прв добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1966 година. Умрел во Москва, на 20 август 1994 година.

1936.- По повод организираниот штрајк на македонските градители, овој датум бил прогласен за Ден на градежните работници на Македонија.

1963.- САД и Советскиот Сојуз постигнале спогодба за воспоставување на „црвен телефон“, меѓу Москва и Вашингтон. Директна линија била воспоставена по кубанската криза заради итни консултации меѓу шефовите на двете супер-сили во критични ситуации.

1979.- Во издание на НИП „Нова Македонија“, во Редакцијата на  „Вечер“, излегол првиот број на енигматскиот забавник „Котелец“.

1985.- Во Охрид умрел Сотир Гулевски, македонски писател и книжевен преведувач. Автор е на романите „Меѓа“, „Прекршен ’рбет“, „Кога карпите ’ртат“, „Модро млеко“, „Им се суди на дивите ветрови“, на театрологијата „Фурии“ и други. Роден бил во Прилеп, на 14 август 1917 година.

1995.- Во Париз умрел Емил Сиоран, француски писател од романско потекло, еден од најценетите мислители во втората половина на 20. век. Негови познати дела се „На врвот на очајот“, „Книга на недоразбирањето“, „Прецизност на распаѓањето“ и други. Роден бил во 1911 година.

1992.- Лидерите на Чешка и на Словачка, Вацлав Клаус и Владимир Мечијар постигнале договор со кој Чехословачка престанала да постои, а Чешка и Словачка станале две самостојни држави.

1996.- Во Брисел, Република Македонија и Европската унија, со размена на писма го прифатиле текстот на Спогодбата за соработка.

2003.- На самитот на Европската унија во Солун претставен бил Нацрт-уставот на Европската унија, чии детали ги образложил Валери Жискар д’Естен, претседател на Европската конвенција за изработка на европскиот устав.

2005.- Умрел американскиот научник Џек Килби, добитник на Нобеловата награда за физика, чиј пронајдок од 1958 година - интегрирано електрично коло, претставува основа на информатичката револуција.

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...