Од верските календари

Од верските календари

2 јули 2018 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 јуни.

Денеска е Св. апостол Јуда.

Свети апостол Јуда го викале уште и Тадеј и Левиј. Еден е од дванаесетте апостоли. Бил син на Јосиф, свршеникот на пресветата Дева, па затоа се нарекува Господов брат. Преданието вели дека пред да биде повикан на апостолска служба се занимавал со земјоделие. По слегувањето на Светиот Дух врз апостолите проповедал во Азија, а подоцна во Персија и Ерменија, каде бил распнат на крст и прободен со стрела. Пострадал околу 80 година по Христа. Од него е останато едно послание, што влегло во составот на новозаветниот канон.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бернардин Реалино.

Бил роден во 1530 година, во северна Италија. Стекнал висока хуманистичка култура и станал доктор по граѓанско и црковно право. Им помагал на сиромашните луѓе. Стапил во дружината Исусова и во 1567 година станал свештеник во Лече. Како духовен водач и светец, бил омилен меѓу луѓето кои го нарекувале "татко на градот". Свети Бернардин Реалино умрел во 1616 година.

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ