• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

На денешен ден

На денешен ден

11 јули 2018 (МИА)

- Светски ден на населението

1533.- Папата Клемент Седми му се заканил на англискиот крал Хенри Осми дека ќе го екскомуницира од римокатоличката црква ако не го обнови бракот со Катерина Арагонска, од која се развел во мај 1533 година. Хенри Осми ја игнорирал заканата, ги раскинал сите врски со Ватикан и во 1534 година ја основал Англиканската црква - прогласувајќи се себеси за нејзин поглавар.

1804.- Поранешниот претседател на САД Арон Бер го убил поранешниот министер за финансии Александер Хамилтон во двобој предизвикан од политичко ривалство и меѓусебни обвинувања.

1807.- Во Њујорк, по реката Хадсон, запловил првиот параброд под називот „Клермонт“. Го конструирал Роберт Фултон. Со тоа била отворена нова епоха во развојот на бродарството.

1882.- Под изговор за задушување на арапскиот бунт во Египет, британските трупи ја нападнале Александрија, а потоа го зазеле Каиро и целата земја. Во заднината на тој поход, во стилот на „викторијанската ера“, намерата на Лондон била да се добере до Суецкиот канал, пловен пат значаен за врските со источните колонии. На меѓународната конференција која следела, Англичаните утврдиле спогодба за безбедност на Суецкиот канал, што Египет го довело до целосна зависност од големите сили се до 1956 година, кога претседателот Насер го национализирал Суецкиот канал.

1921.- Почнала борбата за ослободување на Монголија што ја повела монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.

1934.- Умрел францускиот офицер од еврејско потекло Алфред Драјфус, кој во 1894 година бил лажно обвинет дека на Германија и открил воени тајни и бил осуден на доживотен затвор, само врз основа на сомневањата и изјавите на графолошките стручњаци. Бил испратен во најлошиот затвор во светот во Француска Гвајана. Во негова одбрана застанал познатиот писател Емил Зола, кој во текстот под наслов „Обвинувам“ во весникот „L`oror“ го објавил отвореното писмо до претседателот на Републиката. Дури во јули 1906 година капетанот Драјфус бил рехабилитиран, вратен во војската и унапреден во чин мајор.

1936.- Германија и Австрија потпишале спогодба со која Берлин формално и ја гарантирал независноста на Австрија. Две години подоцна Адолф Хитлер прогласил „аншлус“ (присоединување) и Австрија насилно се присоединила кон Германија.

1974.- Во Стокхолм умрел Пер Фабијан Лахерквист, шведски писател. Негови познати дела се збирката песни во стихови и во проза „Страв“, пиесата „Последниот човек“, драмата „Оној што повторно може да го почне својот живот“, автобиографскиот роман „Гостин во стварноста“. Во 1951 година ја добил Нобеловата награда за литература. Роден бил во Векше, на 23 мај 1891 година.

1979.- Американската вселенска станица „Скајлаб“ по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распаднала при приземјувањето.

1982.- Во Белград умрел Меша Селимовиќ, писател. Негово најзначајно дело е романот „Дервишот и смртта“. Покрај тоа познати се романите „Тишина“, „Тврдина“, „Магла и месечина“, „Круг“, како и збирката раскази „Туѓа земја“ и други. Роден бил во Тузла, на 26 април 1910 година.

1989.- Умрел англискиот театарски и филмски актер, режисер и продуцент Лоренс Оливие, еден од најголемите толкувачи на ликови од делата на Вилијам Шекспир. Добитник бил на голем број награди „Еми“, за ТВ-творештво, наградуван бил на фестивалот во Кан, а добил и Оскар за филмот „Хамлет“. Други филмови: „Хенри Петти“, „Ричард Трети“, „Три сестри“, „Ребека“, „Леди Хамилтон“, „Кери“, „Отело“, „Спартак“, „Картум“, „Маратонец“.

1995.- Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.

2002.- Италијанскиот парламент им дозволил на машките наследници на престолот да се вратат во земјата, окончувајќи го после 56 години нивното бегство, како последица на соработката на припадниците на кралската куќа Савој со фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.

2006.- Умрел основачот и водачот на легендарната британска рок-група „Пинк флојд“ Сид Барет. Водачот на „Пинк флојд“ бил роден како Роџер Барет во Камбоџа, а членовите на идната група Роџер Вотерс и Дејвид Гилмор ги запознал во училиште.

2008.- Шпанските пратеници ги поддржале посебните права на големите мајмуни (на живот и слобода). Станува збор за прв познат случај во кој некое законодавство им доделува права на животните.

2008.- Умрел Мајкл Дебејки, американски хирург, иноватор во областа на хирургијата на срцето и крвните садови. Дебејки уште во текот на студирањето работел на усовршување и дизајнирање на некои од инструментите. Го развил вештачкото срце и срцевите пумпи кои се неопходни при пресадување. Светски познатиот хирург, работел како професор на Бејлор факултетот во Хјустон, а бил и директор на прочуениот „Центар за срце“.

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...