На денешен ден

На денешен ден

12 јули 2018 (МИА)

100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулиј Цезар, римски војсководец, политичар и писател, еден од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек-делата на старата римска литература. Група републикански заговорници го убиле во Рим, на 15 март 44 г. пред н. е.

1536.- Умрел Ерзамо Ротердамски, прочуен холандски хуманист. Поради големото влијание на современиците наречен бил „крал на хуманистите“. Имал големо влијание на германската реформација, а реформата на црквата ја замислувал како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата. Роден бил во 1465 година.

1682.- Умрел фрнцускиот астроном Жан Пикар, кој прв прецизно го измерил степенот на меридијанскиот лак и го овозможил точното пресметување на полупречникот на Земјата. Во 1679 година го покренал астрономскиот алманах „Connaissance des Temps“ кој и сега излегува.  

1784.- Францускиот професор по физика С. Ленорман, заедно со Жан Моголфје, го конструирал првиот падобран.

1854.- Роден е американскиот индустријалец Џорџ Истман, еден од пионерите на фотографијата и филмот, основач на компанијата „Кодак“. Во 1844 година ја лансирал чувствителната фотографска хартија, а во 1899 едноставната фото-камера, а потоа истата година и целулоидната филмска лента приспособена на камерата.

1884.- Во Ливорно е роден Амадео Модилјани, италијански сликар. Поголемиот дел од животот го минал во Париз. Тој бил еден од претставниците на париската школа, но со препознатлив стил, бидејќи неговите ликови имале стилизирани издолжени форми. Најмногу сликал женски актови и фигури на работници. Умрел во Париз, на 25 јануари 1920 година.

1895.- Во Хамар е родена Кристен Флагстад, норвешка оперска пејачка, сопран, најистакнат толкувач на Вагнеровите женски ликови. Умрел во 1962 година.

1904.- Во Парал е роден Пабло Неруда, чилеански поет. Меѓу најпознатите негови дела се „Празнична песна“, „Самрак“, „Престој на земјата“, „Шпанија во срцето“ и други. Добитник бил на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 1972 година. Умрел во Сантијаго, на 23 септември 1973 година.

1920.- Панамскиот канал и официјално бил отворен, шест години откако по него поминал првиот брод.

1941.- Советскиот Сојуз и Велика Британија во Москва го потпишале договорот за взаемна помош во заедничката борба против Германија во Втората светска војна.

1960.- Франција им признала независност на своите поранешни колонии Дахомеј, Нигерија, Горна Волта, Брегот на Слоновата Коска, Чад, Централна Африка и Конго.

1979.- Гилбертовите Острови во Тихиот Океан се стекнале со независност во рамките на Британскит комонвелт под името Република Кирибати, после 87 години британска колонијална управа.  

1992.- Во Скопје, и во сите места каде што живеат Македонци, се одржал Светски семакедонски протестен митинг под мотото „Да, Република Македонија, да“, а против Декларацијата на Европската заедница од 27 јуни 1992 година, со која се барало Република Македонија да го промени името, односно да не го содржи зборот Македонија.

1993.- Република Македонија била примена за полноправна членка на Универзалната поштенска унија, специјализирана Агенција на Организацијата на обединетите нации со седиште во Берн, Швајцарија.

1996.- Република Македонија воспоставила дипломатски односи на амбасадорско ниво со Авганистан и со Суверениот Воен Ред на Малта.

1996.- Британскиот престолонаследник принцот Чарлс и принцезата Дајана се договориле за условите за развод, ставајќи крај на 15-годишниот брак.

1998.- Во Париз, Франција со победата над Бразил (3:0) во финалето на Светското првенство првпат станала светски првак во фудбал.

2000.- Во орбитата околу Земјата руската ракета-носач „Протон-К“ го лансирала основниот блок на меѓународните космички станици, произведен во Русија, во кој во конфорни услови престојуваат екипажите на станиците.

2004.- Франција и Ирак ги обновиле дипломатските односи, прекинати после ирачката инвазија на Кувајт во 1990 година.

2014.- Томи Рамон, тапанар и последен преживеан член на познатиот американски панк-рок бенд „Рамонс“ починал во Њујорк на 65-годишна возраст.  Сите членови имале уметнички имиња и заедничко презиме - Рамон. Њујоршкиот бенд познат по долгите коси, црните кожни јакни, искинатите фармерки и патики извршил огромно влијание врз панк-рокерите во Велика Британија.

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ