На денешен ден

На денешен ден

2 август 2018 (МИА)

1100.- Англискиот крал Вилијам Втори, синот на Вилијам Први Освојувачот, бил убиен со стрела додека ловел во шума.

1552.- На протестантите им била одобрена слободата на вероисповед во Германија.

1802.- Наполеон Бонапарта бил прогласен за „доживотен конзул“ на Франција, што му дало право да назначи наследник.

1830.- Францускиот крал Шарл Десетти Бурбонски бил принуден да абдицира под притисок на Јулската револуција.

1903.- Почнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се воделе битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаништа, Мариовско.

1921.- Во Неапол умрел Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња. Настапувал на повеќе оперски сцени: во Милано, во Лондон и на други места. Автор е и на книгите „Спомени“ и „Методи на пеење“. Роден бил во Неапол, на 27 февруари 1873 година.

1940.- Во Прилеп по повод годишнината од Илинденското востание бил организиран масовен излет во месноста „Шаторов камен“. По враќањето од излет биле изведени демонстрации во градот, со пароли против војната, за мир и за слобода.

1944.- Во манастирот „Свети Прохор Пчински“ кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ било одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ). На заседанието, во согласност со одлуките на АВНОЈ, била потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа, АСНОМ било конституирано како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на македонскиот народ, а македонскиот јазик бил воведен како службен јазик во Македонија.

1945.- Умрел Пјетро Маскањи, италијански композитор и диригент. Роден бил на 7 декември 1863 година.

1963.- Во Скопје умрел Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, историограф, публицист и сценарист. Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопејата на Ножот„“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Роден бил во Дојран, на 7 октомври 1910 година.

1970.- Британските војници во Северна Ирска првпат употребиле гумени куршуми за смирување на нередите.

1988.- Во Скопје умрел Ѓорѓи Механџиски, македонски новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“, поет и публицист. Еден е од основоположниците на културните манифестации „Гоцеви денови“ и „Песна за Гоце“. Роден бил во селото Ѕвегор, Делчевско, на 24 април 1942 година.

1991.- Во Скопје излегол првиот број на македонскиот дневен независен весник „Република“. Вториот број излегол на 8 септември 1991 година.

1999.- Во судар на два воза во источна Индија загинале најмалку 285 луѓе.

2000.- Во Скопје умрел академик проф. д-р Александар Христов, еден од најистакнатите македонски научници од областа на правните и историските науки. Одбраните трудови „Создавање на македонската држава 1878-1978“ во 1985 година ги издаде издавачката куќа „Мисла“ од Скопје. Роден бил во Неготино, на 27 јули 1914 година.

2007.- Две руски мини-подморници „Мир-1“ и „Мир-2“ во рамките на експедицијата „Арктик 2007“ биле спуштени на дното на Северниот леден океан - на Северниот пол на длабочина поголема од четири километри каде била поставена руска тробојка од титаниум.

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...