Состојба на патиштата

Состојба на патиштата

Скопје, 3 февруари 2018 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

ГП ИЛИНДЕН - Струга известува дека  на 29-30.01.2018 год. на регионалниот патен правец Р - 1301 од Билјанини извори - Населба Коњско ќе започне измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 08.12.2017 на државниот пат А2, делница Струга – граничен премин Ќафасан, започнува измената на режимот на сообраќај. која ќе трае до завршување на градежните работи.Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресен пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево - Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од 20.09.2017 е воведена времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

На патниот правец Демир Капија - Неготино , на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Друштвото „Алфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес - Скопје во близина на наплатната станица Отовица и на делницата Скопје - Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно.

Друштвото ‘’Бетон АД Скопје’’ известува дека од 26.10.2017 година, ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности - реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.

Виадукт Трејд на 21.09 известува дека ќе се изведуваат градежни активности со времетраење од 4 (четири) месеци на државен пат А2, правец Гостивар - Кичево при санација на горен и долен строј на мост МАЛИ ДОЛ, КМ101+606, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема.

Виадукт Трејд на 21.09 известува дека ќе се изведуваат градежни активности со времетраење од 3 (три) месеци на државниот пат А2, патен правец Гостивар - Кичево, поради санација на горен и долен строј на мост ВИСЈАК ДОЛ км109+878, регулирано со семафори и дополнителна сообраќајна сигнализација и опрема

ГД Гранит од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар-Кичево (делница Гостивар до с.Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан ) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица се затвора за сите видови на сообраќај од 15.11.2017 до 01.04.2018.

 Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско - Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација. 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...