• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Вајгл: Иванов не смее да ја застапува својата политичка партија

Вајгл: Иванов не смее да ја застапува својата политичка партија

Брисел, 20 јуни 2018 (МИА) - Европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот Парламент Иво Вајгл запрашан да го коментира ставот на Претседателот Ѓорѓе Иванов за Договорот со Грција, порача дека од ЕУ во повеќе наврати му испратиле порака дека Македонија мора да гледа кон иднината.

- Обврска на политиката, на политичките партии и на претседателот на државата е да водат грижа за перспективите на младите генерации Македонци и Македонки. Таа перспектива најсигурна е со членството во ЕУ, па и во НАТО. Така што не би смеело да има дилеми за тоа каков би требало да биде ставот на претседателот на државата, кој не смее да биде претставник на својата политичка партија туку на целата Македонија и на сите Македонци. Тоа е порака за Иванов. Тоа би било многу корисно и за Македонија, а и за него, како ќе го памтат луѓето кога тоа би го сфатил, изјави Вајгл за МИА. тм/ац/15:33

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ