• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Маршик: Очекувам Македонија и Албанија да почнат преговори за членство за време на австриското претседавање

Маршик: Очекувам Македонија и Албанија да почнат преговори за членство за време на австриското претседавање

Брисел, 21 јуни 2018 (МИА) - Постојаниот претставник на Австрија во ЕУ, амбасадорот Николаус Маршик денеска изрази надеж дека за време на австриското претседателство со Советот на ЕУ до крајот на годината Македонија и Албанија ќе започнат преговори за членство во ЕУ. Австрија го презема претседавањето со ЕУ на 1 јули. 

Тој додаде дека очекува за време на состанокот за безбедност во Салцбург, закажан за септември да бидат постигнати решенија поврзани со миграцијата.

Амбасадорот Маршик додаде дека земјите од Западен Балкан треба да бидат први партнери на ЕУ. 

Австрија има цел до октомври да биде постигнат договор во преговорите за излегување на Велика Британија од Унијата. ев/зш/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ