• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Столтенеберг: Се очекува Македонија да биде поканета во НАТО на Самитот во јули

Столтенеберг: Се очекува Македонија да биде поканета во НАТО на Самитот во јули

Брисел, 22 јуни 2018 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтелнберг изјави денеска дека на Самитот во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство, а потоа со финанлизирање на договорот меѓу Скопје и Атина со референдумот, земјата ќе може да стане полноправен член на Алијансата. 

- Оптимист сум и се надевам дека на Самитот ќе биде донесена таква одлука. Се надевам и дека на референдумот ќе има мнозинство за поддршка на договорот со Грција, бидејќи ова е историска прилика земјата да се придружи кон НАТО и народот во ПЈРМ треба да ја зграпчи таа шанса, нагласи Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО повика за позитивен исход од референдумот. Тој појасни дека по референдумот ќе може Македонија да биде поканета за членство во НАТО.тм/зш/14:16

 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ