Коѕијас: ЕУ треба да го исполни ветувањето за Северна Македонија и Албанија

Коѕијас: ЕУ треба да го исполни ветувањето за Северна Македонија и Албанија

Атина, 25 јуни 2018 (МИА) - Според нашето мислење, од моментот кога Европската комисија го постави ова лето како хоризонт за почеток на формалните преговори со Северна Македонија и Албанија, ќе треба да го исполниме ветувањето, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во интервју за EURACTIV.com.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да сфатат дека постојат проблеми со двете земји, но проблемите можат поефективно да се решат преку мониторинг и скрининг. 

- Им кажав на моите колеги дека можат да бидат колку што сакаат строги. Но, ние мора да не ја блокираме перспективата. Се плашам дека ако не се даде датум за пристапни преговори за Северна Македонија, сите напори што ги направивме со големи жртви и компромиси од двете страни, би можеле да бидат ставени во опасност, вели Коѕијас во интервјуто.

Нагласува дека „ако некои земји имаат проблеми со Северна Македонија и Албанија, требале порано да ги споменат“.

- Сега, го имаме извештајот на Комисијата и предлог да разгледаме отворање на преговори. Сега стигнавме до таа точка и треба да го сториме тоа. Европа мора да си го одржи зборот, додава Коѕијас.

Во однос на земјите што се против, Македонија и Албанија да започнат пристапни преговори, шефот на грчката дипломатија вели дека на почетокот биле Данска, Белгија, Холандија и Франција, но имало несогласувања и во германската коалициска влада.

- Поентата е Франција да се согласи со Германија за да се избегне дестабилизација на Балканот, вели Коѕијас.

Во однос на Договорот со Македонија, шефот на грчката дипломатија потенцира дека тоа била „најдобрата вест во Европа во последните пет години“, додека пак за реакциите од опозициските партии во двете земји го повторува неговиот став дека „ВМРО работи како огранок на Нова демократија во Скопје и обратно“.

Коѕијас објаснува дека сега веќе постои една друга линија за поделба во двете земји. Наместо досегашната поделба меѓу Скопје и Атина, има поделба на оние што сакаат и оние кои што се против решение.

- Верувам дека Заев нема да подлегне на притисоците. Тој е многу поотпорен отколку што изгледа на прв поглед, вели Коѕијас, прашан за тоа дали владата на Заев ќе ги издржи притисоците во земјата.ср/са/11:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...

Со масло за јадење бркале зли духови од музеј

Суд во Атина осуди две бугарски државјанки на чети...

Меган Маркл во живанши-тоалета од 2.510 фунти

На традиционалната средба со припадници на маорска...

Ѕвездата од „Бубалици“ во уште една хумористична хит-серија

Еден од главните актери во комедијата „Бубалици“, ...