Столтенберг: Во јули одлука за покана на Македонија, приемот ќе зависи од референдумот (ДПЛ)

Столтенберг: Во јули одлука за покана на Македонија, приемот ќе зависи од референдумот (ДПЛ)

Брисел, 25 мај 2018 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг денеска изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО.

Столтенберг очекува да биде постигната согласност Македонија да биде поканета во полноправно членство и да почнат пристапните преговори, но приемот на земјата ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум.

- Очекувам шефовите на држави и влади да се договорат за пристапни преговори, потоа ќе можеме да ја поканиме ПЈР Македонија да стане полноправна членка доколку Договорот се финализира. Финализирање значи целосна ратификација, референдум и позитивно гласање, ако тоа се случи оптимист сум, повтори Столтенберг.

Столтенберг рече дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко Македонија да добие покана за НАТО.

- Ако ПЈРМ  го имеплементира и финализира Договорот со позитивно гласање тогаш НАТО ќе ја покани земјата да стане полноправно членка. Ова е историски Договор кој пружа историска прилика на ПЈРМ да стане членка, и ги повикувам луѓето во земјата да ја зграпчат оваа прилика и да го поддржат Договорот. Ако не се поддржи Договорот не гледам како е можно да се покани земјата. Ова е единствена прилика и треба да се зграпчи, рече Столтенберг.

Од НАТО за МИА појаснуваат дека генералниот секретар Столтенберг очекува „иницирање“ на пристапните преговори на претстојниот Самит на НАТО на 11 и 12 јули, но дека тие преговори „можат да бидат заокружени само откако ќе се финализира Договорот, вклучително и референдумот“, на кој, се разбира, треба да биде прифатен Договорот за името. тм/са/12:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...