НКЕУ-МК ќе ја одржи втората сесија на Работната група - Социјална политика и вработување

НКЕУ-МК ќе ја одржи втората сесија на Работната група - Социјална политика и вработување

Скопје, 26 јуни 2018 (МИА) - Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе ја одржи Втората сесија на Работната група 2 - Социјална политика и вработување (Поглавје 19), на тема „Регулирање на новите (флексибилни) форми на вработување во реформите на работните односи во Република Македонија“.

На сесијата ќе се разгледаат прашањата поврзани со вработувањето и
регулацијата во доменот на трудот како исклучително значајни за општествениот развој, стабилноста и европската перспектива на Македонија.

Акцентот на дебатата ќе биде ставен врз новите движења во доменот на трудот, нивно дефинирање и препознавање во реалноста, со цел тие да го добијат својот општествен легитимитет.

На дебатата ќе се вклучат претставници на релевантните институции, претставници на академската средина, граѓанскиот сектор, релевантни меѓународни здруженија и други заинтересирани стручни лица.

Учесници во сесијата ќе бидат Јована Тренчевска, државен секретар во Министерство за труд и социјална политика, Нано Ружин, ректор на Факултетот за политички науки и дипломатија на ФОН, како и Даниел Гербери, професор по социологија и социјална статистика на Универзитетот „Јан Амос Коменски“ од Братислава. нд/са/07:40

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ