• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Бибер: Франција ризикува да стане нова Грција за Македонија

Бибер: Франција ризикува да стане нова Грција за Македонија

Виена, 26 јуни 2018 (МИА) - Евентуалното вето од Франција за почеток на преговорите со Македонија ќе го загрози договорот со Грција и ќе ги минира реформските напори на земјите од регионот, оценува австрискиот политички аналитичар Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и координатор на Европската советодавна група за Балканот.

- Тоа ќе биде удар за реформската политика на Балканот. Франција ќе стане новата Грција за Македонија, која и натаму ќе биде спречена да се приклучи кон ЕУ и НАТО, вели Бибер во изјава за австрискиот весник „Стандард“.

Одбивањето на ЕУ да отвори преговори за членство на Македонија, наведува Бибер, би значело и „речиси смртна казна за компромисот за името меѓу Скопје и Атина“.

- Таквата француска политика би имала далекусежни последици. Во Македонија наесен е планиран референдум за договорот со Грција. Тешко е да се замисли дека ќе излезе добро ако договорот не е награден од ЕУ. Тоа ќе и даде шанса на македонската конзервативна опозиција да се мобилизира против одобрувањето на компромисот за името, вели Бибер.

Експертот за Балканот и професор на Европскиот институт во Ница Тобиас Флешенкемпер, смета дека ЕУ треба да ги исполни ветувањата што им ги дава на земјите од регионот бидејќи ја доведува во прашање целокупната политика на Унијата и процесот на проширување. 

- Советот на ЕУ има за обврска да го признае напредокот што го направија земјите во согласност со критериумите што им ги постави. Во спротивно ќе направи трајна штета на кредибилитетот на сопствените политики. Затоа, ако оваа недела ЕУ не испрати сигнал дека напорите што ги прават земјите аспиранти вредат, ќе го уништи процесот на проширување, оценува Флешенкемпер за „Стандард“.са/08:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...