• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Словачка: ЕУ мора да отвори преговори со Македонија

Словачка: ЕУ мора да отвори преговори со Македонија

Луксембург, 26 јуни 2018 (МИА)  Иван Корчок, државниот секретар за надворешни работи на Словачка порача дека Македонија мора да добие преговори со ЕУ.

- Позицијата на Словачка е апсолутно јасна: преговори мора да се отворат за Македонија. Тие го решија спорот за името, се согласувам со Европската Комисија дека прогрес е направен внатрешно во оваа земја, бев во Скопје и апсолутно ќе поддржам отворање, рече Корчок.

Денеска министрите за надворешни работи дискутираат за преговори со Македонија. Неизвесно е дали одлуката ќе биде донесена денеска или на претстојниот Самит на ЕУ на 28 и 29 јуни.тм/са/08:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ