• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Рот: Дискусијата за Македонија „разочарувачка“

Рот: Дискусијата за Македонија „разочарувачка“

Луксембург, 26 јуни 2018 (МИА) - Германскиот министер за Европа Михаил Рот лут излезе од состанок на Советот на ЕУ во Луксембург  им довикана на новинарите дека дискусијата за Македонија била „многу разочарувачка“, но одби да каже зошто.

Не се знае е дали е постигнат некаков договор, јави известувачот на МИА од Луксембург.

Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

- Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.

На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот истакна дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист. тм/дма/17:17

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...