• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Министрите започнуваат нова последна рунда разговори за Македонија

Министрите започнуваат нова последна рунда разговори за Македонија

Луксембург, 26 јуни 2018 (МИА)Шефовите на европските дипломатии денеска на министерскиот состанок во Луксембург си даваат „последна шанса“ да дојдат до компромис за старт на преговори со Македонија, информираат извори присутни на состанокот за МИА.

Франција и Холандија, како што јави известувачот на МИА од Луксембург,  остануваат тврди и не попуштаат за датум за преговори.

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот гневен го напушти состанокот нарекувајќи ги дискусиите за Македонија „разочарувачки“.

Чешкиот државниот секретар за европски прашања Алеш Хмелар, кој мораше да напушти состанокот за да фати авион, порача дека останува да се види дали на Самит ќе се отвори темата.

Но, по неговото заминување министрите си дадоа уште една шанса да пробаат да се договорат за преговори за Македонија. Останатите земји членки се решени да ги убедат Париз и Хаг, но прашање е колку е можно да се омекнат овие две земји. тм/дма/17:55

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...