• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Условени преговори за Македонија во јуни 2019

Условени преговори за Македонија во јуни 2019

Луксембург, 26 јуни 2018 (МИА) -Можно е условно отворање на преговори во јуни 2019 година, јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори.

Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.

Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите.

Доколку се исполнат условите првата меѓувладина конференција би почнала пред крајот на 2019. тм/дма/18:19

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ