• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Условени преговори за Македонија во јуни 2019 (ДПЛ)

Условени преговори за Македонија во јуни 2019 (ДПЛ)

Луксембург, 26 јуни 2018 (МИА) - Можно е условно отворање на преговори во јуни 2019 година, јави известувачот на МИА повикувајќи се на дипломатски извори.

Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.

Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите.

Доколку се исполнат условите првата меѓувладина конференција би почнала пред крајот на 2019.

Состанокот утрово започна со точката за проширувањето. Секоја земја го изложила својот став.

Пред почетокот на состанокот на Советот за општи работи во Луксембург, неколку министри ги најавија своите стартни позиции.

Холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, изјави дека за неговата е земја е важно да види доказ дека реформите се имплементираат на одржлив начин и дека за тоа е потребно време.

Германскиот министер за Европа, Михаил Рот пред состанокот изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

- Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот. тм/дма/18:47

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ