Хан задоволен што Македонија и Албанија ќе почнат преговори

Хан задоволен што Македонија и Албанија ќе почнат преговори

Скопје, 26 јуни 2018 (МИА) - Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, попладнево на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во Унијата во јуни 2019 година.

- Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон прошитувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ, напиша Хан на Твитер. дма/сст/19:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ