• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Хан: Ги започнуваме подготовките за преговори со ЕУ утре

Хан: Ги започнуваме подготовките за преговори со ЕУ утре

Луксембург, 26 јуни 2018 (МИА) – Еврокомесарот Јоханес Хан по Советот на министри на ЕУ на кој е одреден условен датум за почеток на преговори со Македонија порача дека оваа одлука значи дека Европската Комисија од утре може да го започне процесот на скрининг, јави дописникот на МИА.

- Им честитам на граѓаните на идната Северна Македонија за денешните успеси, бидејќи сега е јасно дека ќе ги започнеме преговорите во јуни идната година и како Комисија веднаш можеме да почнеме да ги подготвуваме преговорите почнувајќи утре, ова е сега јасна перспектива и јасна награда, вели Хан.

Македонија денеска по напорна битка помеѓу 25 земји членки против Холандија, Франција и Данска доби зелено светло за датум за старт на преговори во јуни, под неколку услови.

Европската Комисија ќе треба да произведе извештај фокусиран на три главни теми: реформа на јавната администрација, реформа на разузнавачките служби, како и судските реформи и борбата против корупцијата. Врз основа на овие услови Македонија ќе може да ја одржи меѓувладината конференција до крајот на 2019.

- Советот прифаќа да одговори позитивно на прогресот направен во итните реформски приоритети, Пржинскиот Договор и Договорт со Грција и го отвора патот кон отворање старт на преговори во јуни 2019. Во тој поглед, Советот ја подвлекува критичната потреба за ПЈРМ да продолжи да прави конкретен прогрес во итните реформски приоритети и да оствари видливи резултати во борбата против корупцијата и да го задржи реформскиот момент. Советот ја повикува Европската Комисија одблиску да ги монтиротира гореспоменатите напори на ПЈРМ и ќе го процени прогресот врз база на годишниот извештај. Советот потсетува дека одлуката ќе биде предмет на комплетирање од националните парламентарни процедури и одобрување од страна на Европскиот Совет, што набрзо ќе биде проследено од првата меѓувладина конференција, зависно од напредокот, пишува во заклучокот на Советот на министри.

Во заклучокот се додава дека проценувањето на овој прогрес треба да донесе опипливи и одржливи резултати во овие области: судски реформи, обвиненија и пресуди за корупција и организиран криминал на високо ниво, реформа на разузнавачки служби, и реформа на јавната админситрација.

Советот ја нотира намерата на Европската Комисија да започнат со подготовките за работа. тм/дма/19:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ