• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Кукан: Албанија и Македонија имаат една година до преговарачката маса

Кукан: Албанија и Македонија имаат една година до преговарачката маса

Брисел, 27 јуни 2018 (МИА) - Европратеникот Едвард Кукан го поздрави заклучокот на вчерашниот Совет на ЕУ да го отвори патот кон пристапни преговори за Македонија и Албанија.

- Заслужуваат јасна порака за почеток на преговори. Една година им беше дадена на земјите да стигнат до преговарачката маса, што ги рефлектира внатрешните дискусии за процесот на проширување во Советот. Потполно ги поддржувам Албанија и Македонија во овој процес и имам доверба во нивната заложба кон реформската агенда, напиша Кукан.тм/са/12:09

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ