• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

„Волстрит журнал“: Франција и Холандија бараат реформи за почеток на преговорите со Македонија

„Волстрит журнал“: Франција и Холандија бараат реформи за почеток на преговорите со Македонија

Вашингтон, 27 јуни 2018 (МИА) - ЕУ додели датум за почеток на преговори за членство со Македонија идната година, но, предупреди дека земјата треба да исполни интензивни домашни реформи за сериозен почеток на преговорите, објавува „Волстрит журнал“.

Изданието укажува дека одлуката за условен старт на преговорите била донесенa после 10 часа дискусија на министрите за надвореши работи на земјите членки во Луксембург.

- Исцрпувачките дискусии на министрите од ЕУ ја потврдуваат неодлучноста во Европа за понатамошно проширување, во време кога Унијата се судира со внатрешни поделби за низа прашања од доменот на владеење на правото до имиграција, пишува изданието.

Додава дека жолчните разговорите вчера попладне за малку не прекинале откако повеќе нацрт-одлуки биле одбиени.

- Франција и Германија ставија до знаење дека тие не се согласуваат за брзо отварање на преговорите (со Македонија и Албанија). Тие успееја да го поврзат конкретното отпочнување на преговори со способноста на овие две земји да се справат со независноста на судството и контрола на безбедносните служби.

„Волстрит журнал“ наведува дека францускиот претседател Емануел Макрон не ја поддржува идејата за проширување се додека ЕУ не усвои продлабочени внатрешни промени за полесно носење на одлуки.

- Го цениме постигнатот прогрес, посебно во Македонија, но овие земји треба да покажат стоицизам и низа резултати во подобрување на владеење на правото и борба против организираниот криминал, го цитира изданието Стеф Блок, холандски министер за надворешни работи.   

Се додава дека Советот на Европа ќе даде извештај за напредокот на Македонија и Албанија на пролет. Доколку извештајот е позитивен, преговорите ќе бидат формално отворени во јуни 2019. бк/сст/14:34

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...