• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ЕУ ќе го поздрави договорот со Грција во заклучоците

ЕУ ќе го поздрави договорот со Грција во заклучоците

Брисел, 28 јуни 2018 (МИА) – Нацрт заклучоците на денешниот Самит на ЕУ до кои дојде МИА и кои треба да бидат усвоени утре го поздравуваат договорот за името со Грција.

- Европскиот Совет силно го поздравува и поддржува договорот помеѓу Поранешната Југословенска Република Македонија и Грција за спорот за името. Ова, заедно со договорот со Бугарија, поставува силен пример за другите во регионот за зајакнување на добрососедските односи, се наведува во нацрт - заклучоците.

Лидерите потоа ќе ги усвојат заклучоците на Советот на ЕУ од вторникот со кои се отвора патот за преговори за Македонија и Албанија. тм/вг/16:18

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ