• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Македонија една од темите на средбата Ципрас - Столтенберг

Македонија една од темите на средбата Ципрас - Столтенберг

Атина, 29 јуни 2018 (МИА) - Договорот од Преспа и двајцата грчки војници кои и понатаму се во затвор во Турција, биле темите за кои разговарале грчкиот премиер и генералниот секретар на НАТО на нивната вчерашна средба на маргините на Европскиот совет во Брисел, според грчката новинска агенција АНА-МПА.

- Средбата траеше околу 20 минути и според владини извори, господинот Ципрас истакна дека врз основа на потпишаниот договор јасна е рамката дека треба да се заврши целиот предвиден процес, за да се упати покана од НАТО до ПЈРМ. Господинот Столтенберг, од негова страна, рече дека договорот со НАТО е во овие рамки, пишува АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.ср/са/08:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ