• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

САД ја поздравуваат одлуката на ЕУ за пристапни преговори со Македонија

САД ја поздравуваат одлуката на ЕУ за пристапни преговори со Македонија

Вашингтон, 29 јуни 2018 (МИА) - Американскиот Стејт департмент ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ да предложи план за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија во јуни 2019 година и уште еднаш ја потврдува важноста на постигнатиот Договор со Грција.

Во соопштението за МИА од Стејт департментот се наведува дека планот на ЕУ зависи од натамошниот прогрес во одредени области.

- Одлуката на Советот ги нагласува силните напори што двете земји ги направија во имплементација на реформите за усогласување на нивните закони со стандардите на ЕУ, истакнуваат од Стејт департментот.

Понатаму се укажува дека како пријател и партнер на Македонија, САД и помага на македонската Влада за успех во евро-атлантските интеграции на земјата.

- Ова вклучува владеење на правото, подобрување на одговорното владеење, како и реформи во судството, разузнавачките служби и јавната администрација. Ова се важни прашања кои мора да се решат независно од процесот на пристапување во ЕУ, посочуваат од американскиот Стејт департмент.

САД, исто така, го поздравуваат „историскиот договор за решавање на прашањето за името“. Се нагласува дека овој договор ја зајакнува регионалната безбедност, просперитетот и заедничката европска иднина на двете земји.

- Премиерите Заев и Ципрас демонстрираа визија, храброст и непоколоебливост во стремежот за заеднички прифатливо решение, изјавија за МИА од Стејт департментот.кб/са/08:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Kолумбиjа затвори музеј на Пабло Ескобар

Колумбискиот град Меделин, во соработка со миграци...

Во Лас Вегас се отвора музеј на марихуаната

Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „г...

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари ...

Брус Гринвуд ќе глуми во продолжението на „Сјаење"

Холивудскиот ветеран Брус Гринвуд ќе има своја уло...

Истражувачите поблиску до конечно лоцирање на бродот на капетан Џејмс Кук

Потрагата по кобното место за „Ендивор“ - бродот н...