На 12 јули со испорака на поканата почнуваат пристапните разговори со НАТО

На 12 јули со испорака на поканата почнуваат пристапните разговори со НАТО

Брисел, 29 јуни 2018 (МИА) - Пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО ќе почнат на 12 јули, со испорака на поканата. Се очекува пристапниот протокол да биде потпишан во јануари 2019, откако ќе заврши имплементација на македонските обврски од договорот со Грција, велат високи владини извори за МИА.

Од тој момент Македонија ќе учествува во сите структури на НАТО и добива столче на главната маса на Северноатлантскиот совет. Македонија ќе биде сместена на масата до Норвешка.

Една до една и пол година од прилика се потребни за ратификацијата на договорот за пристапување во парламентите на сите земји членки на НАТО.

На Самитот на 12 јули ќе има церемонија за врачувањето на поканата кон Македонија. 

Македонија ќе биде дел од работните состаноци на Самитот.

Летово ќе добие план за пристапните разговори, а НАТО ќе испрати и експерти за таа потреба. Сега останува само Македонија да ги спроведе обврските од договорот со Грција.тм/са/11:06

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...