• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Мас: Германија и натаму ќе и ја поддржува Македонија

Мас: Германија и натаму ќе и ја поддржува Македонија

Берлин, 29 јуни 2018 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија и побара од двете земји тоа да го сфатат како поттик.

- Европската Унија оваа недела донесе важна одлука: од 2019 година може да започнат преговорите за приклучување со поранешната југословенска Република Македонија и Албанија. Многу се залагавме за овој силен насочувачки сигнал, со кој им се оддава признание на реформските напори од последните години. Преговарачкиот процес во Брисел не беше секогаш лесен, но нѐ радува што на крајот беше можен компромис на сите 28 земји членки на ЕУ. Апелирам до сите политичари во Скопје и во Тирана овој успех да го сфатат како поттик за ангажирано продолжување на реформите. Германија во тоа и натаму целосно ќе ги поддржува, вели Мас во изјава за Дојче веле.

Германскиот министер за надворешни работи и на средбата што ја имаше во средината на овој месец со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, вети дека Германија ќе лобира активно во Франција, Холандија и други земји на ЕУ за Македонија да добие датум за почеток на преговори.

- Ние на македонското население треба да му испратиме важен сигнал дека се исплати да се следи европската перпсектива, рече Мас во Берлин по средбата со Димитров.дма/са/11:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...