Конференција „Македонски перспективи: Како до Европа?“

Конференција „Македонски перспективи: Како до Европа?“

Скопје, 4 јули 2018 (МИА) - „Македонски перспективи: Како до Европа?“ е темата на конференцијата што денеска во Скопје ќе се одржи во организација на Цивил - Центарот за слобода и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Како што најавуваат организаторите, на конференцијата треба да се обратат премиерот Зоран Заев, повеќе амбасадори на земји членки на ЕУ, партиски лидери, експерти и претставници на граѓанското општество, кои ќе говорат за важни аспекти на македонските перспективи, искуствата, задачите, предизвиците и придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, за спогодбата со Грција и потребата од градење добрососедство.

- Оваа конференција ќе биде одлична можност, пред очите на јавноста, да се разменат мислењата и ставовите во една аргументирана дискусија, со вклучување на повеќе засегнати страни и носители на одлуки. Ова е придонес на ЦИВИЛ и МЦМС кон јакнење на јавната свест за најактуелните теми во општеството, во пресрет на важните одлуки кои треба да се донесат на државно ниво, но во кои граѓанките и граѓаните ќе бидат дел од процесот на носењето на тие одлуки. Со оваа конференција им се дава предност на политичкиот дијалог и на дискусијата заснована на факти, наспроти насилството, говорот на омразата и лажните вести, велат организаторите.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. сст/бак/07:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ