Посветено и доследно спроведување на реформите - единствениот пат кон ЕУ

Посветено и доследно спроведување на реформите - единствениот пат кон ЕУ

Скопје, 4 јули 2018 (МИА) - Натамошно спроведување на реформите, особено во приоритетните области - владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата и реформирање на јавната администрација, како и и имлементација на Договорот со Грција е одговорот на прашањето како до ЕУ, заклучија учесниците на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“, која се одржа денеска во Скопје.

Целта на конференцијата, која е во организација на Цивил - Центарот за слобода и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) е меѓудругото и да се отвори дебата за европските перспективи на земјава, за, како што рече извршниот директор на МЦМС Алесандар Кржаловски, придобивките и мааните од Договорот со Грција, за претстојниот референдум. МЦМС најави дека овој месец ќе спроведе и анкета за Договорот од Преспа.

- Европската иднина на земјата е во прашање и секој кој има поинаков одговор се лаже себе си и ја лаже јавност. Реформите во владеењето на правото, на јавната администација, во борбата против корупцијата и организираниот криминал - ефективната имплементација на предвидените реформи е единствениот одговор нема друга алатернатива, рече Заев на конфренцијата.

Тој нагласи дека нема друга алтернатива и одговор ниту на прашањето кога станува збор за вклучување на граѓанскиот сектор во демократската транформација на нашето општество.

Напомена дека одлуката на ЕУ, донесена минатата недела, во јуни 2019 да биде поставен патот за отворање преговори, меѓудругото е заснована и врз констатацијата дека во земјава значително се подобрени меѓуетничките односи, надворешната политика е во согласност со таа Унијата, а како позитивни се оценети и Договорот со Бугарија, а особено Договорот со Грција.

- Целиот демократски свет го прифати и оддаде признание дека начинот на кој беше постигнат Договорот со Грција е целосно во согласност со најдобрите европски традиции за решавање и на најсложените прашања. Тоа и беше пресудниот момент ЕС да ја прифати одлуката за датум за почеток на преговори, нагласи премиерот. 

Заев Џабир Кржаловски

Истакна дека со влегување во последната фаза од процесот на членство во ЕУ продолжува испораката на конкретни резултати од реформите и тоа во итните области и додаде дека испораката на резултатите не завршува со членство во ЕУ.

- Со него ќе почне ново континуирано испорачување на услови и резултати со што на нашите граѓани ќе им се овозможи да ги живеат европските вредности во општество, кое ќе ги обезеди токму тие стандарди, рече Заев.

Пред учесниците на конфренцијата се обрати и германскиот амбасадор Томас Герберих, кој упати честити до Заев и до граѓаните на земјата, кои како што рече, неуморно работеле на целокупниот процес на евроатлантската интеграција.

Изрази задоволство што во ЕУ бил постигнат консензус на земјата да и се да отвори патот за преговори следниот јуни, но напомена дека процесот бил тежок и оти Германија правела се што е во нејзина моќ исходот за Македонија да биде позитивен. 

- Остатоток од патот нема да биде лесен. Советот во јуни 2019 година ќе донесе одлука, но факт е дека изминатата година Македонија спроведе импресивни реформи, постигнат е и Договорот со Грција, рече Герберих и порача дека земјата во меѓувреме треба да продолжи со спроведување на реформите, особено во итните реформски области. 

Џабир Дерала од Цивил истакна дека за разлика од изминатите 11 години сега можеме да зборуваме за идејата за отворени и хармонични општества со демократски влади, чии институции функционираат во служба на граѓанките и граѓаните, за земји во кои владее правото и се почитуваат човековите слободи и права.

Александар Кржаловски од МЦМС нагласи дека претстојниот референдум е прашање, кое и натаму ќе предизвикува несогласувања и конфронтации.

- Нашата цел е да ја отвориме оваа дебата и отворено да се расправа за предностите и мааните на самиот Договор и граѓаните да  се уверат кој е патот на Македонија. Јасно е дека граѓаните на Македонија недвосмислено се за ЕУ и НАТО, нагласи тој и потсети дека најниската доверба регистрирана во однос на влезот во ЕУ во изминатите 25 години е 66 отсто. 

На конференцијата учествуваат партиски лидери, експерти и претставници на граѓанското општество кои говорат за важни аспекти на македонските перспективи, искуствата, задачите, предизвиците и придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, за спогодбата со Грција и потребата од градење добрососедство. ац/сд/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ