Резултати од Стратегијата ЈИЕ 2020: Вработеноста во Македонија и регионот со константен раст

Резултати од Стратегијата ЈИЕ 2020: Вработеноста во Македонија и регионот со константен раст

Брисел, 5 јули 2018 (МИА) - Вработеноста во Македонија бележи констатен раст и е на добар пат да ја постигне целта на  Стратегијата за раст на регионот на Југоисточна Европа 2020 (ЈИЕ 2020).

Македонија е втора економијата во регионот според бројот на нови работни места, 103 илјади и во однос на овој перформанс бележи раст од 71 отсто.

СРС Стратегија ЈИЕ 2020 - Македонија

Ова е содржано во резултатите од спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020, што беа презентирани денеска во Брисел на состанокот на Советот за регионална соработка, чија членка е и Македонија. 

Советот за регионална соработка денеска во Брисел го организира петтиот годишен состанок на Управниот одбор на Стратегијата за ЈИЕ 2020, на кој се очекува Одборот да го усвои годишниот извештај за спроведување на Стратегијата.

Растот на трговијата во Македонија, според резултатите, е оценет како импресивен, забележано е речиси двојно зголемување изминатите седум години, од 6,9 милијарди евра на 12,5 милијарди евра. 

Македонската економија, според резултатите, е меѓу лидерите во регионот со 71.062 нови високо квалификувани работници на пазарот на труд.

СРС Стратегија ЈИЕ 2020 - Македонија

Економијата бележи прогрес и во однос на параметрот БДП по глава жител и сегашната стапка изнесува 37 отсто, придвижувајќи се од 34 отсто во 2010 година, а целта во 2020 е 43 проценти. 

Генерално во резултатите е наведено дека земјите од Западен Балкан се вратиле на патот на растот со дополнителни повеќе од 600 илјади нови работни места од 2010 година досега и 500 илјади нови високо квалификувани работници.

Регионот бележи и раст на трговијата со дополнителни 33 милијарди евра, како и намалување на трговскиот дефицит од минус 23,1 на минус 19,7 отсто од БДП во изминатите седум години, пред се преку  силниот извоз, кој го сигнализираше зголемувањето на конкурентноста на производите и услугите на меѓународните пазари.

СРС Стратегија ЈИЕ 2020

Овие развојни параметри, се наведува во резултатите, иако се охрабрувачки нема да бидат доволни за да ги подигнат сите нивоа и да обезбедат побрзо усогласување со ЕУ. Одржувањето на стапките на раст на сегашните нивоа ќе бараат голема енергија во сегашните услови и ќе го одложат просперитетот за граѓаните на регионот со декади, се вели во документот, презентиран денеска во Брисел.

Рамката за регионална соработка е зајакната со неколку иицијативи, вклучувајќи ги Берлинскиот процес, Рамката за соработка Западен Балкан шест и стартот на имплементацијата на Мултигодишниот план за регионалната економска област (МАП РЕА). Стратегијата на ЕУ за проширување, објавена претходно оваа година обезбеди кредибилен пат за членство во ЕУ на земјите од регионот. 

Придвижувањето на регионот кон просекот на ЕУ од 40 отсто од БДП по глава жител е незначителен, со минимални придвижувања кон поставената цел и во моментов изнесува 34 отсто.

Стапката на раст на трговијата, вклучувајќи ги и стоките и услугите бележи значително подобрување со напредок од 54,4 милијарди евра во 2010 година на 87,9 милијарди евра. Со ова темпо на раст до 2020 година се очекува регионот да оствари 70 отсто од поставената цел, која изнесува 129,5 милијарди евра.

Целта за балансирање на трговската размена веќе е постигната, дури и надмината, од минус 23,1 отсто во 2010 на минус 19,7 отсто во 2017 преку забележливи перформанси во сферата на извозот, а целта до 2020 година е негативниот трговски баланс да достигне до минус 20,8 отсто од БДП.

Гледано во апсолутни параметри интрарегионалната трговска размена е зголемена едвај за една милијарда евра во изминатите шест години, а нејзиниот удел во БДП се намали за еден отсто. 

Странските директни инвестиции бележат скромно зголемување и сега изнесуваат пет милијарди евра, со тренд кој во моментов укажува дека регионот можеби нема да ја постигне целта (од 3,6 милијарди во 2010 на 7,2 милијарди до 2020 година), освен долку не се спроведат коренити реформи за да се подобри инвестициската и целокупната бизнис клима во земјите. 

Целта на Стратегијата ЈИЕ 2020 за зголемување на бројот на високо квалификувана работна сила е постигната со половина милион квалификувани работници, кои се прилучија на пазарот на тудот меѓу 2010 и 2016 година. 

Најголема придобивка изминатите три години се однесува на отворањето на повеќе од 600 илјади нови работни места. 

Ефиканоста на владините политики достигна одредено ниво, но бележи одредена стагнација изминатите три години, со моментални перформанси на скала од еден до пет од 2,4, а целта за 2020 изнесува 2,65. Во резултатите се нагласува дека ова придвижување покажува дека се оправдани реформите за подобрување на ефиканоста на јавната администрација и квалитетот, на нејзините услуги за граѓаните.

СРС Стратегија ЈИЕ

Целта на стратегијата ЈИЕ 2020 е да ги подобри условите за живот во регионот и да ја врати конкурентноста и развојот во фокусот, внимателно следејќи ја визијата на Стратегијата на ЕУ Европа 2020.

Таа ја истакнува заедничката визија на економиите во ЈИЕ да отворат до еден милион нови работни места до 2020 година, овозможувајќи пораст на вработеноста од 39 на 44 отсто, зголемување на вкупната регионална трговска размена за повеќе од двојно од 94 на 210 милијарди евра, пораст на БДП по глава жител во регионот од сегашните 36 отсто на 44 отсто и зголемување на пазарот на трудот дополнително со 300.000 висококвалификувани работници.

Утре во рамки на состанокот на Советот за регионална соработка ќе биде презентирано четвртото истражување на јавното мислење и стопанствениците - Балкански барометар 2018. ац/сд/11:09

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...