• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Димитров ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон

Димитров ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон

Скопје, 9 јули 2018 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре ќе учествува на петтата Kонференција на високо ниво за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон под покровителство на британската премиерка Тереза Меј.

Конференцијата се организира во рамки на „Берлинскиот процес“, чии членки се шесте земји од Западен Балкан - Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и петте земји-членки на ЕУ - Германија, Aвстрија, Франција, Италија, Велика Британија.

Во својство на набљудувачи во процесот учествуваат Словенија и Хрватска.

Покрај политичката и економската агенда на Самитот на Берлински процес, оваа година во Лондон, се вклучува и темата за безбедност.

Во рамки на програмата на министрите за надворешни работи, предвидени се дискусии поврзани со реформската агенда во контекст на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан, билатералните односи, како и глобалните безбедносни и миграциски предизвици.

На маргините на Самитот во Лондон, министерот Димитров заедно со еврокомесарот Јоханес Хан утре ќе имаат воведно излагање во Чатам Хаус, Британскиот кралски институт за меѓународни односи, на панел дискусијата „По Берлинскиот процес - иднината на регионот во следната декада“, посветена на Западен Балкан. сст/бак/08:29

###

 

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ