• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Македонија денеска добива покана за НАТО, членство по финализирање на внатрешните процедури

Македонија денеска добива покана за НАТО, членство по финализирање на внатрешните процедури

Брисел, 11 јули 2018 (МИА) – Нацрт заклучоците на Самитот на НАТО предвидуваат дека Македонија добива денеска покана за старт на преговори за членство во Алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни проедури.

Нацрт заклучок за МКД на самит на НАТО во Брисел

- Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе и додели покана на ПЈРМ за влез во Алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ОН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение за спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме Владата во Скопје да започне преговори со Алијансата. Целосна имплементација на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес, стои во нацрт заклучоците.

Заклучоците го поздравуваат и Договорот со Бугарија.

- Ги поздравуваме напорите на Владата во последната година и значајниот напредок што е постигнат за одредени итни реформски приоритети и охрабруваме дополнителни реформи за да се зајакне придонесот кон Алијансата, ќе стои во заклучоците.

НАТО ги поздравува и напорите за градење мултиетничко општество и повикува на дополнителни напори во таа област. НАТО го поздравува и македонскиот придонес во неговите мисии и меѓународната безбедност. тм/вг/12:14

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Оглас во Србија: Се издава кибрит

На „Хало“, интернет-страница за огласи за недвижно...

Семејството на Принс му забрани на Трамп да ги користи неговите песни

Семејството на починатиот поп пејач Принс побара о...

Војвотката од Сасекс е бремена

Британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотк...

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...