• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Кацин: Грција нема да блокира ако Македонија ги исполни условите

Кацин: Грција нема да блокира ако Македонија ги исполни условите

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) - Амбасадорот на Словенија во НАТО, Јелко Кацин во Брисел порача дека само од граѓаните во Македонија зависи дали земјата ќе стане членка на Алијансата.

- Одлуката во Грција е веќе усвоена, условите се на ваша страна, штом ги исполните условите очекуваме позитивен сигнал од Атина, да не добиевме позитивна порака генералниот секретар денеска немаше да може да го потпише документот и да започне пристапни преговори, рече Јелко Кацин.

Попладнево на македонскиот премиер Зоран Заев ќе му биде директно врачена поканата за НАТО, која води до пристапни преговори со земјите членки и ратификации од нивна страна штом на референдум поминат уставните измени предвидени во Договорот со Грција.

Без тие уставни измени, Македонија не може да стане членка, но поканата не може да биде повлечена, прецизираше словенечкиот амбасадор, јави дописничката на МИА во Брисел.

- Одлучени сме да и пружиме прилика на Македонија и ќе направиме сѐ што е во наша можност да им помогнеме на граѓаните да го разберат историскиот момент после сите тие долги години блокада. На Македонија е да одлучи дали прифаќа компромис, во согласност со тој компромис да го пополни својот Устав за веќе на почетокот од следната година вашите министри да можат да бидат со нас состаноците на НАТО, рече Кацин.

Македонија штом ги заврши преговорите за членство, кои обично не траат повеќе од неколку месеци, ќе може да биде присутна на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО но без право на глас, се додека не се исполни Договорот со Грција. тм/ац/12:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...