Норвешка помош за имплементација на реформските приоритети

Норвешка помош за имплементација на реформските приоритети

Скопје, 26 јули 2018 (МИА) Норвешка ќе обезбеди поддршка во вредност од три до пет милиони евра на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ, преку финансирање на проекти кои придонесуваат за реформските процеси и развојот на секторите во согласност со стандардите на ЕУ и НАТО.

Меморандумот за разбирање со кој се обезбедува билатерална проектна соработка денеска во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) го потпишаа вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и Амбасадорот на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад. 

Според Османи, иако Кралството Норвешка не е членка на ЕУ е наш важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес од самиот почеток. Тој изразил задоволство што во оваа насока продолжува да се движи соработката меѓу двете земји и во овие клучни моменти за Република Македонија

- Потпишувањето на Меморандумот има симболика и се случува на одбележувањето 55 години од земјотресот во Скопје, оти токму тогаш Норвешка била првата држава која најмногу помогнала за олеснување на последиците од катастрофалниот земјотрес. Не велам дека сега ни се случува политички земјотрес, меѓутоа имамме многу важен период пред нас и навистина се чувствуваме покометно кога ја имаме Норвешка покрај нас и политички, но и во смисла на поддршка на нашата реформска агенда, рече Османи.

Амбасадорот Санес Бјорнстад истакна дека се надева оти норвешката помош ќе помогне за социекономскиот развој затоа што вели, пред се, луѓето треба нешто да јадат. 

- Ние можеме само да помогнеме малку, но целата работа треба да биде направена од страна на Република Македонија. Ние сме среќни да ви понудиме помош за да го остварите сето тоа. Задоволни сме од одличната соработка и се надевам дека така ќе продолжиме и во иднина, рече Санес Бјорнстад. 

Секретаријатот за европски прашања, како надлежна институција за координација на странската помош ќе биде главниот партнер во процесот на спроведување на потпишаниот Меморандум. вг/сд/16:11

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ