Курц доаѓа во Македонија пред референдумот

Курц доаѓа во Македонија пред референдумот

Виена, 6 август 2018 (МИА) - Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името, со кој треба да се реши спорот со Грција.

Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.

При последната посета на Заев на Виена, на крајот на јуни, Курц упати апел до граѓаните на Македонија на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.

- Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ, истакна Курц.

Според него, постигнувањето напредок за европската перспектива е еден од приоритетите на австриското претседавање со  ЕУ.

-ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан, подвлече Курц.

Тој за австриските медиуми најави дека со премиерот Заев сака да разговара за напредокот во скрининг процесот. са/сд/10:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...