• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Македонските армиски „волци“ пофалени за подготвеноста (видео)

Македонските армиски „волци“ пофалени за подготвеноста (видео)

Скопје, 9 август 2018 (МИА) -  Командантот на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа, генерал Куртис Скапароти заедно со делегација од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Македонија, предводена од министерката Радмила Шекеринска, во касарната „Илинден“ проследи показна вежба изведена од припадниците на Полкот за специјални операции во АРМ.

Македонските специјалци пред високите гости ја демонстрираа својата подготвеност за дејствување при заседа на мала терористичка група, контролна точка со гонење на моторно возило и заседа, препад на населено место и заробување на високовредна цел и спасување на населението.

Вежба Илинден Шешереинска и Скапалоти

Генералот Скапароти, пред министерката Шеќеринска, ги пофали трупите за покажаната дисциплина и подготвеност.

- Сакам да ги пофалам вашите трупи за јасната обука и покажаната дисциплина и подготвеност, како и да истакнам дека тие користат НАТО стандарди и НАТО процедури. Тоа што денеска го видовме е навистина значајно, изјави Скапароти.

Алијансата, нагласи Скапароти, високо го вреднува придонесот на Скопје во операциите на НАТО во Авганистан и учеството на вашите трупи во поддршка на меѓународните сили.

Веззба Илинден Шекеринска и Скапалоти

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, изрази уверување дека Македонија е сигурен партнер и сојузник, кој ќе продолжи да придонесува преку учество во меѓународни мисии.

- Како идна членка на НАТО од почетокот на оваа година го зголемивме македонскиот контингент во мисијата „Одлучна поддршка“ за 20 проценти. До крајот на годината испраќаме поддршка за изборите во Авганистан, но и дополнително зголемување на нашите трупи, изјави Шекеринска.

Изрази задоволство, што на дел од македонскиот контингент му е доверена заштитата на командата на мисијата во Кабул. аа/сд/13:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ