• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Заев и Даниелсон ќе ја отворат серијата дијалози „Замислете ја иднината заедно!“

Заев и Даниелсон ќе ја отворат серијата дијалози „Замислете ја иднината заедно!“

Скопје, 29 август 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев и директорот на Директоратот за проширување и соседска политика при Европската комисија Кристијан Даниелсон денеска во Скопје формално ќе ја отворат серијата дијалози со граѓаните „Замислете ја иднината заедно!“, што ја организира Делегацијата на ЕК во Македонија.

Европската делегација во Македонија, почнувајќи од денеска, во наредните неколку дена ќе организира серија дебати и панели во повеќе градови ширум земјата, на кои граѓаните ќе можат директно да му поставуваат прашања на евроамбасадорот Самуел Жбогар и да се интересираат за разни теми (животна средина, земјоделство, прекугранична соработка, локален развој...), релевантни за избраната општина.

Делегацијата на ЕУ во земјава, исто така ќе организира работилници за финансиската помош на ЕУ во повеќе градови, каде граѓаните ќе можат да добијат информации за фондови, проекти, и да се советуваат како успешно да аплицираат за проекти. нд/са/07:27

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ