Даниелсон: Референдумот ќе ја креира иднината на следните генерации

Даниелсон: Референдумот ќе ја креира иднината на следните генерации

Скопје, 29 август 2018 (МИА) – На 30 септември граѓаните ќе направат избор што ќе ја оформи иднината на вашата земја и тој избор ќе има последици за идните генерации. Ве повикувам да го искористите вашето демократско право и да гласате на претстојниот референдум.

Ова денеска го изјави директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на Европската комисија Кристијан Даниелсон на отворањето на серијата дијалози со граѓаните „Замисли иднина заедно“.

Тој упати честитки до премиерот и до македонските институции за постигнување на Договорот со Грција за решавање на прашањето со името што, според него, го отвора патот на земјава кон Европа.

ЕУ дијалози

Во врска со стартот на денешната кампања на Делегацијата на ЕК во Македонија, Даниелсон рече дека граѓаните се во основата на оваа идеја, но, како што кажа, самиот `рбет да се спроведат овие дијалози се општините кои треба да ги обезбедат вистинските услови справувајќи се со реалните проблеми на граѓаните.

Премиерот Зоран Заев на почнувањето на кампањата рече оти ова не е ниту прва, ниту последна кампања на ЕУ во земјава и е една од низата со кои нашите европски пријатели и партнери не потсетуваат дека имаме заедничка сегашност која ја градиме веќе две децении на патот до нашето полноправно членство во Унијата.

- Република Македонија го направи изборот. Избра иднина наместо неизвесна и бесмислена изолација. По првпат во својата историја Македонија седна на маса како рамноправен партнер за да преговара и да одлучи за својата иднина. Тоа досега не се случило. За нејзината иднина се одлучувало без нејзино присуство. Ние рековме не за нас, за нашата иднина ќе разговарате со нас, рече Заев.

Тој посочи дека наспроти заканите покажале храброст, достоинство и политички став и оти признанијата потоа дошле и како датум за преговори со ЕУ и како покана за завршниот процес за пристапување кон НАТО.

ЕУ дијалози

Заев потсети дека како фонд за претпристапниот фонд од 2007 до 2020 вкупната годишна ЕУ-помош за Македонија изнесува над 90 милиони евра.

Тоа се 260.000 евра дневно, 15,5 милиони евра годишно влегуваат за Македонија преку ЕУ-програмата за транспорт, граѓаните на ЕУ издвојуваат 8,5 милиони евра европски пари за заштита на границите на Македонија за 2018 за нашата безбедност. Петнаесет милиони евра европски пари се планирани за земјоделството за 2019, додека 18 милиони евра во 2020 за реформи во правосудството и во полицијата во земјава. Заев додаде дека на претстојниот референдум ќе се направи последниот чекор за да се заврши изградбата на земјата според европските правила и на 30 септември граѓаните да ги обедини мудроста.

Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар рече дека преку ЕУ-фондови во изминатите 20 години се внесени една милијарда евра европски пари преку проекти што генерирале огромни резултати.

- ЕУ работи како партнер за да се подобри животот на сите граѓани. Преку овие активности секој граѓанин може да даде свој придонес на промената што сака да ја види во својата општина. Можеме да ја замислиме нашата иднина заедно. Ќе им докажеме на граѓаните дека нивниот глас се смета за важен. Наша цел е да слушаме и да разбереме, рече Жбогар на формалното отпочнување на кампањата на ЕУ - дијалози со граѓаните.

На денешното отпочнување на кампањата на Делегацијата на ЕУ во Македонија беше присутен речиси целиот дипломатски кор во земјава и градоначалниците.

Европската делегација во Македонија, почнувајќи од денеска, во наредните неколку дена ќе организира серија дебати и панели во повеќе градови ширум земјата, на кои граѓаните ќе можат директно да му поставуваат прашања на евроамбасадорот Самуел Жбогар и да се интересираат за разни теми (животна средина, земјоделство, прекугранична соработка, локален развој...), релевантни за избраната општина.

Делегацијата на ЕУ во земјава, исто така ќе организира работилници за финансиската помош на ЕУ во повеќе градови, каде граѓаните ќе можат да добијат информации за фондови, проекти, и да се советуваат како успешно да аплицираат за проекти. нд/са/12:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...